Како да го зачувате потемнетиот тен и после сончање?

13 јули, 20170
4

Годишниот одмор ви е прекраток и сакате да го зачувате стекнатиот тен што е можно повеќе? Држете се до овие совети и резултатот нема да изостане.

Пилинг пред сончање

Поставете добра основа за потемнетиот тен. Пред изложување на сонце направете квалитетен пилинг на телото и отстранете ги сите мртви клетки. Вака подготвената кожа и отворени пори подобро ќе ги „впијат сончевите зраци“, ќе ви обезбедат полесно потемнување и тенот подолго ќе трае.

Заштитни креми со висок фактор

Бојата која сте ја стекнале со постепено изложување ќе биде потрајна од брзото „печење“ на најјакото сонце. Притоа, не заборавајте редовно да нанесувате средства за заштита со висок фактор на сите изложени делови од телото.

Хидратација на телото

Бојата ќе биде поконстантна ако кожата после сончање ја одржувате влажна, мека и глатка. Направте си на секои 2-3 дена купка на база на маслиново масло или кокос, а задолжително нанесувајте си од омиленото млеко или масло на телото.

Средства за туширање

Избегнувајте употреба на јаки сапуни и шампони во личната хигиена, па и потемнетиот тен подолго ќе ви трае. Не го шокирајте организмот со премногу студена или врела вода – би било паметно да се туширате со млака вода.

Портокалова и зелена храна

Потемнетата кожа и каротенот се согласуваат. Овие пигменти со портокалова, црвена и зелена боја кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, заслужни се за темнеење на кожата, а со нивна помош и бојата ќе ја задржите подолго време. Во секојдневната храна користете домати и пиперки. Направете сок од морков, диња и праски, а јадете и многу спанаќ, зелка и зелена салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi