Како да се негувате со маслиново масло?

21 јули, 20170
10

Негата на телото, со маслиново масло, не е ништо ново. Тоа е древна тајна на убавината. Откриена е пред 5000год, набрзо станало важна компонента за нега на кожата. Египјаните, Грците, Фениќаните, Римјаните, сите овие народи, ги користеле благодетите на маслиновото масло. Погледнете ја само прекрасната кожа на жените кои живеат на медитеранското поднебје, за нив се вели дека убавината им потекнува токму благодарение на маслиновиот зејтин. Поради тоа, почнете и вие да се негувате со ова масло и допуштете вашата кожа  да заблеска во полн сјај.

Богато со антиоксданси и витанмин Е, ќе го чува вашето тело во секој аспект.

Погледнете некои едноставни но делотворни рецепти:

–       Купка: За да го хидратизирате вашето тело,  додадете околу ¼ шолјичка маслиново масло и неколку капки етерично масло во вашата купка. Маслото треба да помогне да се опуштите пред заминување во кревет.

–       Сува кожа: Нежно измасирајте мала количина маслиново масло, на екстра суви подрачја како што се колената и петите.

–        Раце: Направете пилинг, за груби и суви раце, така што ќе комбинирате две лажици масло, со две лажици шеќер.    Тријте ги рацете додека шеќерот не почне да се топи. Исперете со топла вода.

–       Стапала: Нанесете масло на стапалата пред спиење и облечете памучни чорапи. Наутро, вашите нозе ќе бидат мазни и убави.

–       Лице: Направете хидратантна  маска за лице со маслиново масло, мед и жолчка. Оставете да делува 15мин. и исплакнете со топла вода.

–       Нокти: Загрејте малку маслиново масло, со 1 лажичка сок од лимон. Исплакнете ги ноктите во смесата 5 – 10 минути.

–       Коса: За едноставен третман на косата, загрејте неколку лажици, маслиново масло и втријте го во кожата и косата. Прекријте со капа или кеса. Оставете да делува 20-30мин. Доколку сакате додатен ефект, помешајте со маслото и жолчка, но без загревање. Оваа маска е одлична за коса и расцветани врвови.

–       Усни: Намачкајте ги усните со маслиново масло, посебно пред спиење. Наутро ќе бидат меки и нежни.

Обидете се , ова се клучни совети од прастарите кралици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi