Како да се ослободите од стриите

21 март, 20170
9

Волшебните креми што ги спречуваат стриите и уште побрзо ги отстрануваат се само обичен маркетиншки трик. Вистината е дека тие имаат мал ефект на овие грди лузни.

Стриите настануваат со растегнување на кожата, а во зависност од тенот, можат да бидат розови, црвени, кафени или темно кафени. По некое време бледеат и добиваат сребренкаста боја, значајно посветли од остатокот од кожата. Се појавуваат на било кој дел од телото, а најчесто на колковите, градите и задникот.

Како да го избегнете настанувањето на стриите

Дали ќе ги добиете или не, тоа најмногу е прашање на генетиката, бидејќи се раѓате со кожа со одредена еластичност. Не постои ништо што може да го спречи нивното настанување, па затоа не се измачувајте размислувајќи што сте можеле да сторите.

Помагаат ли кремите?

Многу жени користат разни видови креми, лосиони и  масла, обидувајќи се да ја заштитат кожата од појава на стрии. За жал, иако тие производи ја прават кожата мека и мазна, не посто медицински доказ дека го спречуваат создавањето на стрии.

Едно ново медицинско истражување покажува дека одредени креми сепак можат да влијаат на овие лузни, но само така што ќе ја намалат нивната ширина и должина, но не и целосно да го спречат нивното создавање. Сепак, многу од овие креми не смеат да се користат за време на бременост и доење, токму кога потребата за заштита од стрии на жената е најголема.

Ласерска терапија

Со  ласерска терапија можете да ги намалите стриите на вашата кожа. Во оваа терапија се користат разни видови ласери, во зависност од бојата на стриите. Еден вид ласер ја намалува бојата на темните стрии, додека пак друг вид го стимулира создавањето на пигмент во веќе избледените стрии. Постои и нов тип ласерска терапија која му помага на телото да произведе повеќе колаген и да ја обнови еластичноста на кожата во стриите. Сепак, овој третман е многу сериозен и скап, па пред него треба да разговарате со дерматолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi