Која боја да ја одберете за вашата коса?

23 март, 20170
10

Пред да одлучите во која нијанса сакате да биде вашата коса, мора прво да одлучите дали сакате истата да ви биде трајна или полутрајна боја. Пред купувањето размислете за предностите, но и одговорностите кои ги носи фарбањето на косата. Полутрајната боја ќе ви падне по само 10 миења на косата. Трајната боја содржи амонијак и пероксид, така што таа нема да исчезне со миење на косата.

Неколку чекори

Пронајдете ја вистинската боја за вас – ако не сте сигурни почнете со посветли нијанси, бидејќи полесно е подоцна да ја потемните косата. За да го задржите и природниот изглед се препорачува косата да не е п осветла или потемна од три нијанси.

Регенератор – ако косата ви е оштетена и пред да решите да ја бојадисувате, барем недела дена пред тоа неколку пати темелно нанесувајте регенератор. Исто така неколку дена пред фарбањето немојте да ја миете косата, бидејќи природните маснотии во косата ја штитат од хемикалиите.

Добра подготовка – премачкајте ги деловите околу главата со помада, за подоцна полесно да се извади бојата од вашата кожа.

Бојадисување – доколку сакате сами да ја бојадисате косата, а не на фризер, најлесно е доколку ја поделите во четри дела. Со ракавици на рацете, секој дел посебно боете го од коренот до краевите. Кога ќе завршите со последниот прамен, почнете да го мерите времето. Повеќето бои делуваат околу 20 минути. По бојадисувањето немојте да ја миете косата барем 3 дена за таа да може подобро да се апсорбира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *