Која форма на веѓи му одговара на вашето лице?

4 октомври, 20170
4

Промената на веѓите некому може да му го смени и животот. Нивна функција е да спречуваат сливање течности, но на жените веѓите им значат многу повеќе од тоа. Тие го врамуваат лицето и, ако го имаат вистинскиот облик, очите изгледаат покрупно, поблескаво, поотворено и шминката изгледа поубаво. Кога ќе се повлече линија, формата на веѓите треба да ја надополнува формата на очите. Несоодветната форма на веѓи може да го направи изгледот многу полош. 

Ако лакот на веѓите е премногу остар, може да изгледате луто или строго. Ако се предолги, ќе изгледате тажно, а ако се премногу тенки, просто ќе го убиете карактерот на лицето. Лути? Тажни? Без карактер? Дали наведовме доволно причини за да ја спуштите скубалката од рака и да ги оставите веѓите да растат како што сакаат? Препушетете ѝ се на мајката природа барем еден месец и дури тогаш направете си го правилниот облик.

Идеалниот облик и густината на веѓите имаат многу малку врска со формата на лицето во целина, поточно речиси и да немаат. формата на веѓите зависи од големината на преостанатите делови на лицето, односно служи за да направи добар баланс, а најмногу зависи од формата и од големината на окото, како и раздалеченоста на очите. Ви даваме неколку основни правила по кои би требало да се водите кога ќе го отстранувате вишокот влакненца.

Ситни очи

На мало лице со ситни приближени очи му одговара деликатен облик на веѓи. Треба да бидат тенки и да имаат мал лак. Не правете ништо екстремно за да не изгледате како Гаргамел.

Раздалечени очи

Ако оддалеченоста меѓу очите е голема, со молив доцртајте го предниот дел од веѓите и на тој начин приближете ги една кон друга. Така очите ќе изгледаат поблиску.

Тажни очи

Никој не сака да има поглед на тажно куче, а веѓите со изразен лак може да направат само полошо. Доцртајте ги краевите на веѓите така што ќе изгледаат речиси рамно и ќе се свиткуваат благо нагоре кон слепоочницата. На тој начин визуелно ќе го подигнете окото.

Длабоко всадени очи

Ако очите ви се навнатре, а останатите делови од лицето ви се повеќе изразени, тогаш можете да си дозволите посмели и поголеми веѓи.

Спуштени капаци

Кога капаците на очите се спуштени, на нив им одговара благо извиен лак. Тоа искривување визуелно ќе го подигне капакот. За да го добиете саканиот облик, обратете внимание на тоа да ги скубете веѓите од долната страна, и тоа од центарот кон надвор.

Приближени очи

Ако очите ви се многу приближени, избегнувајте и веѓите да ви бидат премногу блиску. Со скубалка отстранете малку повеќе влакненца од внатрешната страна на веѓите, а со молив продолжете ги краевите. На тој начин очите ќе изгледаат пораздалечени.

Related image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *