Масажа за лице по јапонски рецепт

25 април, 20170
9

Кога јапознаките “умови за убавина” ќе се посоветуваат со мајсторите на традиционалните јапонски ритуали за тело и дух, резултаот е ефикасна и едноставна самомасажа за младешки изглед.

Оваа масажа за лице ја осмислиле козметичките експерти со комбинирање на движења од шаитсу масажа со западнњачки техники за да ги подобрат ефектите на своите производи за подмладување. Не само што оваа масажа ќе го подобри делувањето на активните состојки од прозиводите за нега, туку нејзините допири ќе го смират стресот и напнатоста, ќе ги опуштат мускулите, ќе ја зацврстат и затегнат кожата, ќе ја забрзаат микроциркулацијата и ќе постигнат благотворен сон. За да се подобри циркулацијата, масажата треба да се изврши со еднолично темпо, следејќи го ритамот на срцето. Доволни се само пет минути!

За образи и брада

Откако со врвовите на прстите на лицето ќе нанесете крема или серум, со лесно притискање на дланките масирајте го целото лице. Поченете од брадата, преку коренот на носот кон врвот на челото се до ушите.

Масирајте ја десната страна на лицето со лева рака, а левата страна со десна рака. Секоја постапка повторете ја три пати. Со повлекување на дланката нагоре ќе постигнете циркулација и микроциркулација што резултира со зацврстување на образите и брадата.

За пределот околу очите

ставете го показалецот на очниот капак, а средниот парт под окото, па лесно со врвовите на прстите притискајте го осетливиот предел околу очите и повлечете го кон надворешниот дел од лицето. Вториот чекор е лесно штипкање на аглите околу очите од врвот надоле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi