Маска за коса со кафе и кокосово масло

31 јануари, 2017
13

Маската со кафе дава навистина прекрасни резултати за косата. Кафето ја зајакнува оштетената коса и ја прави витална и сјајна. Маскате се препорачува само за бринети бидејќи на оние со посветла коса може да им придаде потемна нијанса на влакното.

Маска со кафе и кокосово масло

Затоплете го на пареа маслото на околу 45 степени. Додадете пресно смелено кафе и мешајте добро се додека смесата не стане полутечна каша.  Сега можете да додадете неколку капки масло од портокал. Количината на маслото и кафето одредете ја сами во зависност од должината и густината на косата. Маската се нанесува на влажна коса по целата должина. Завиткајте ја главата со најлон и крпа и оставете да делува најмалку еден час.  Откако ќе ја измиете косата исплакнете ја на крај со раствор од јаболков оцет кој ќе и придаде многу повеќе сјај и еластичност.