Маска за лице со какао

9 мај, 20170
4

Овесните снегулки, медот, какаото и јајцето се потребни состојки за маска за лице на која вашата кожа ќе и биде благодарна. Смесата од овие намирници ќе ви го исчисти, хидрира и подмлади лицето.  

Маска за лице од какао

Од состојки потребни ви се:

– овесни снегулки

– какао

– едно јајце

– мед

Постапка:

Прво што треба да направите е да ги иситните овесните снегулки во блендер.

Потоа на овесните снегулки додајте им лажица какао и кафена лажица мед. На крајот додајте едно јајце и сите состојки добро измешајте ги. Оставете ја маската да отстои 15 минути за да се згусне смесата. Потоа можете да ја нанесете на лицето и да ја чувате 20 минути. После тоа добро измијте го лицето, а кожата ќе ви биде нежна и хидрирана.

Оваа маска можете да ја чувате во фрижидер 10 дена и да ја користите кога сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *