Маска за многу сува и оштетена коса

6 септември, 20170
6

Термичкото обликување на косата, бојадисувањето , изложувањето на сонце, неквалитетната козметика се основните фактори кои ја прават косата сува, кршлива, оштетена и со лош изглед. Со малку време и труд гарантирано можеме да и помогнеме. Во овој случај природните масла се најдоброто решение.

Неколку часа пред миење втриваме во корените растително масло, ставаме шапка и ја виткаме главата со памучна топла крпа. Можете сосема да сте сигурни дека ако го правите ова секоја седмица, после месец дена ќе имате раскошна коса. За маслена маска можете да употребите бадемово, кокосово, масло од орев, маслиново или пченкарно кои ги има во сите аптеки на многу пристапна цена за разлика од готовите маски, кои не ви ги препорачуваме, ем се поскапи, ем содржат малку повеќе хемикалии одколку е потребно. Дејството ќе се зголеми ако кон маслото додадеме 1-2 жолчки од јајце и 2 лажици рум, коњак или водка. Ова е навистина една комплетна, природна и мошне ефективна маска, која навистина ви ја препорачуваме да ја пробате!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *