Маски со лимон за стегната кожа

7 март, 20170
09

Како што е познато лимонот има својства да ја затегнува кожата и да го чисти тенот. Ви нудиме неколку маски соодветни за сите типови кожа.

Маска со лимон и краставица

1 краставица

2 кафени лажички сок од лимон

1 матена белка

Краставицата се лупи и од неа се прави пире. Исцедете со помош на газа. Додадете го во течноста сокот од лимон. Додадете ја и белката и измешајте добро. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете да делува 15 минути.

Маска со лимон и квасец

6 лажици кисело млеко

2 капки масло од нане

Сок од еден лимон

1 пакетче сув квасец

Направете каша од сите компоненти и нанесете ја смесата на лицето и вратот. Оставете нека делува 20 минути.

Лосион со лимон за мрсна кожа

Потребен ви е сок од еден лимон разреден со вода во сооднос 1:1. Чистете го лицето со оваа течност 2-3 пати на ден.

Маска со лимон за лифтинг ефект

Измешајте добро 2 супени лажици мед, 2 супени лажици сок од лимон и една супена лажица глина. Нанесете дебел слој и оставете да делува 20 минути.

Маска со лимон и мед

Измешајте 25 гр мед и сок од ¼ лимон. Нанесете ја маската на лицето и оставете да отстои 15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *