Мерло-боја на коса: Водечки тренд за претстојната есен

28 ноември, 20170
5

Еден од водечките трендови за претстојната есен ќе биде мерло-бојата за коса, најавуваат светските стилисти.

Мерло е врста вино, кое е познато по својата богата црвена боја, додека мерло-трендот во бојадисувањето на косата подразбира нијанса што се базира на комбинација на боите на вишна и какао. Мерло-бојата можете да ја добиете и со комбинација на виолетова и црвена, а во зависност од нијансата што сакате да ја постигнете, на вашата коса може да доминира виолетовата, односно црвената боја.

Најдобрата варијанта што можете да ја изберете е мерло-бојата да ја нанесете на кафена коса, бидејќи на тој начин нема да добиете боја што ќе изгледа премногу нападно, додека, пак, оние похрабрите може да се одлучат за длабински прамени или за коса што е потполно бојадисана во црвено – одлуката е ваша!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi