Мијте го лицето без хемикалии: Само со мед и сода
7 април, 20170
Можеби нема да ви се верува, но ние ве уверуваме дека ако кожата ви е чувствителна на хемиските препарати кои се продаваат, можете едноставно да го измиете лицето само со сода и мед.
Еве го и рецептот кој можете да го искористите, а за тоа ќе ви бидат потребни само две состојки:
Една супена лажица органски мед
Една кафена лажичка сода бикарбона
Измешајте ги добро двете компоненти и од смесата нанесете на лицето па нежно масирајте. Почекајте неколку минути да се упијат хранливите материи, а потоа само измијте со млака вода.