Направете сами пилинг за мазна кожа пред летото

23 мај, 20170
11

Пилингот за кожа е дел од негата што треба да ја практикувате преку целата година, но некако најпотребен ни е пред почетокот на летото, кога почнуваме да го откриваме телото од слоевите облека. Пилингот е важен бидејќи ги отстранува мртвите клетки од телото, кожата ја прави исклучително мазна и допринесува за нејзиниот здрав изглед. Во продавниците има безброј козметички производи за пилинг, но може и сами да го подготвите препаратот со состојки што веќе ги имате дома.

Потребни се две компоненти:

-базата – која може да биде јогурт, маслиново масло, кокосово масло, пире од авокадо, мед

-грубиот дел – може да употребите морска сол, гриз, кафен шеќер, грубо мелено кафе, оризово брашно

-може да додадете и етерично масло по ваш избор

Состојките убаво се мешаат и нежно се втријуваат на лицето и на целото тело. По неколкуминутната масажа со пилингот, измијте го лицето и телото за да ги отстраните грубите делови од кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi