20 октомври, 2017

Радио

Било каква шминка без добро обликувани веѓи ќе изгледа аматерски и без синхронизација и естетика.

Има случаи кога веѓите се толку многу истанчени што во никаков случај не можеме да го наречеме убаво. Проблемот овде е да знаеме кога да престанеме. Секое влакненце ја менува формата и дебелината на веѓата. Затоа внимателно преценете кога ги отстранувате.

Формата на веѓата треба да биде лаковидна со лесно повисока и остра извивка особено кон крајот. Во основата веѓата е подебела и понатака станува се по тенка. Исцртувањето на веѓите е задолжителна етапа во процесот на шминкање. Она што треба да знаеме е дека бојата треба да е идентинчна со бојата на косата. Секакви драстични разлики изгледаат доста вештачки и придаваат сериозен изглед на погледот.

Најчестите грешки се премногу долги веѓи, при што очите изгледаат многу мали, без блесок и безиизразни, а лицето станува непривлечно. Многу извиени веѓи што изгледаат како две запирки даваат зачуден изглед на окото и ве прави повозрасна.

Остави коментар

Почетна // живот // убавина // Нема добра шминка без добро обликувани веѓи
Горе