Ослободете се од темните кругови околу очите со помош на сода бикарбона

10 август, 20170
4

Сите знаеме дека содата бикарбона има безброј намени во секојдневниот живот. Како состојка за правење колачи, за ублажување на убоди од инсекти, како освежувач на здивот, избелувач за заби, за елиминирање на непријатната миризба во фрижидерот и уште многу други.

Докажано е дека најефикасната маска за отстранување на вишокот себум е комбинација од сода бикарбона и вода, но добра е и како пилинг за отстранување на митесерите.

Откривме уште една многу корисна намена – елиминирање на темните кругови околу очите!

Ако се придржувате до овој едноставен рецепт веќе за 2 недели ќе забележите драстична разлика.

Потребни состојки:

  • 1 лажичка сода бикарбона
  • шолјичка топла вода или чај од камилица
  • 2 тупфери за чистење лице

Ставете сода бикарбона во водата или чајот, мешајте додека не се растопи, а потоа натопете ги тупферите во овој раствор и ставете ги на пределот околу очите. Оставете да делуваат 10 – 15 минути. Повторувајте го овој ритуал на секои два дена и за две недели ќе бидете одушевени од резултатите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi