Пилинг од калинка за ревитализација на лицето

30 јуни, 20170
10

Калинката веќе долго време важи за природен чувар на човековото здравје. Истражувања покажуваат дека калинката делува како силен антиоксиданс и смирува воспаленија, дури поефикасно од црвеното вино и зелениот чај. Освен во исхраната, калинката многу се употребува и во козметиката. Маските за лице од калинка се одлични за длабински пилинг на лицето и враќање на хидратацијата и еластичноста на кожата.

За да подготвите маска за лице од калинка, потребни ви се две калинки, овес, мед, палака и 2 лажици кафеав шеќер. Исечете ги калинките на половина и оставете ги да отстојат во топла вода за да може полесно да го отстраните семето. Потоа во брелдер ставете ги исчистените зрна од калините, додајте 200 гр. овесни снегулки, 1 лажица мед, 1 лажица павлака. Нанесете ја смесата и добро истријте го лицето, со што ќе ги отстраните сите мртви клетки.

За оние места каде што имате многу сува и оштетена кожа, како на пример на колената и лактите, ставете ја истата маска во која претходно сте додале 2 лажици кафеав шеќер. Секогаш по нанесување на маската добро исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема. За беспрекорно лице се препорачува користење на оваа маска минимум два пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi