Победете ги старечките пеги и брчки

16 август, 20170
4

Првите знаци на стареење најпрво се гледаат на кожата, а се појавуваат и брчки и старечки пеги. 

Овие дамки успешно се отстрануваат со сок од лимон, кој треба да се нанесува на кожата неколку пати дневно. По еден месец, не само што ќе се осветлат постоечките пеги, туку ќе се спречи појавата на нови пигментации.

Како одлично средство во решавањето на овој проблем се покажа и пакувањето од јогурт и мед, кое треба да стои најмалку половина час, а потоа да се измие со млака вода. Третманот се повторува најмалку трипати неделно.

Брчките не ги загрижуваат само жените, туку и мажите, а се јавуваат поради намаленото количество колаген и еластин во сврзното ткиво. Покрај тоа што се последица на природно стареење на организмот, може да настанат и по постојана изложеност на штетни влијанија како што се пушење, стрес, издувни гасови и претерано сончање.

Во продажба може да се најдат безброј препарати против брчки, но кога се работи за природни средства, најдобро се покажа – грозјето. Расечете едно зрно, добро истријте го пределот зафатен со брчки, оставете да дејствува половина час, па измијте со млака вода. Грозјето содржи алфо-хидрокси киселини, кои го поттикнуваат отстранувањето на површинскиот мртов слој на клетки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *