Премногу ги скративте шишките? Не грижетесе, имаме решение…

20 септември, 20170
8

Не е крај на светот и за се постои трик, па така и за премногу скратените шишки.
Сигурно барем еднаш, ако не и повеќе пати ве мрзело да одите на фризер за да ги скратите шишките,и веројатно земавте ножици и тоа го сторивте самите.

Со неколку потега сами ги скративте шишките. Испаднаа малку накриво? Брзо ги поправивте. И чекор по чекор тие се премногу кратки! И што сега?

Како прво, немојте да се нервирате! Најнапред шишките измијте ги и пронајдете ја најлмалата округла четка која ја имате. Исфенирејте ги шишките така што со четката ќе ја повлекувате косата одозгора надолу наведувајќи ја да се спушти што повеќе до челото. Погледнете дали дома имате некоја крема за стилизирање која во себе содржи масло. Благодарение на оваа крема шишките ќе бидат малку потешки па ќе се спуштат надоле многу повеќе него ли без кремата и визуелно ќе изгледаат подолги. Доколку ова ви изгледа премногу комплицирано, тогаш едноставно закачете ги по страната или на темето и стрпливо чекајте тие да пораснат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi