Проширени пори: Како да нанесете пудра и да постигнете мазен изглед на лицето

8 декември, 20170
4

Имате проширени пори во кои константно се таложи пудра? Се обидувате да ја нанесете со прсти и со четка, но никако не постигнувате резултат? Ова е решението за вас!

Проширените пори најчесто ја следат масната кожа, која, пред сè, треба редовно да се чисти и да се прави пилинг за да се освежи, па подоцна да се нанесе пудра. Користењето на препарат со УВ-заштита би требало да стане ваша секојдневна рутина. Кога кожата е сјајна, порите се повидливи, па за нивно маскирање неопходно е да се користи мат-подлога или мат-пудра. За нивно нанесување можете да користите бјути-блендери, односно сунѓерчиња. Идеални се кога сакаме да нанесеме рамномерно дебел слој пудра, па во вашиот случај ќе дадат подобар резултат од прстите или од четкичката. Пред употреба, можете да го навлажните или да го користите сув. Пудрата се нанесува на лицето со лесно тапкање за да не бидат забележливи трагите од пудрата, а кожата на лицето да добие природен изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi