Рецептот за најдобриот козметички третман на лице за кој ви е потребно само вода!

6 февруари, 20170
10

Блескава, здрава, негувана кожа на лицето – тоа е она за што сите дами мечтаат. Прв чекор кон тоа е совршено чиста кожа, а ниеден тоник или лосион нема во потполност да го отстрани се она што на нашето лице се задржува како од шминка, така и од многу надворешни влијанија. Но, постои домашен третман кој ги решава работите и не чини ни денар.

Станува збор за прастара метода која ја користеле нашите мајки и баби – парење на лицето. Интересно е дека овој козметички третман се користел уште во времето на старите Римјани, а до денес не изгубил на значењето и квалитетот, иако е подзаборавен.

Има многу бенифит од парењето на лицето  – ги отвора порите, ги релаксира мускулите, ја смирува кожата, ги отстранува мртвите ќелии, ја подобрува циркулацијата, помага во борбата против акните и воопшто проблематичниот тен.

Колку често треба да се пари лицето?

  • Нормална кожа – еднаш неделно
  • Мрсна кожа – два пати неделно
  • Сува кожа – секоја втора недела
  • Чувствителна кожа – на секој месец дена

Пред постапката, симнете ја шминката и добро измијте го лицето.

Провриената жешка вода сипете ја во сад и лицето ставете го врз него. Внимавајте да не биде многу блиску, за врелата пареа да не ве испече. Преку главата, ставете пешкир и во таа положба останете неколку минути.

Потоа, измијте се со ладна вода и на лицето нанесете хидрирана крема за нега.

Доколку сакате, во водата над која го парите лицето можете да додадете сушени растенија и есенцијални масла по желба. Камилицата секогаш е добро решение.

Значи, за мека, чиста и негувана кожа – парењето на лицето е најдобар избор. И најевтин.

Сепак, бидете внимателни ако имате изразени капилари или ви е кожата склона на црвенило. Во тој случај парењето не се препорачува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *