Шест чекори до совршени стапала

23 август, 20170
1

Доколку вклучите уште неколку етапи во редовниот педикир, можете да го претворите во вистински спа-третман, кој релаксира и дава одлични резултати. Значи, следете ги нашите упатства.

1 чекор: Ревитализирачка купка

Отстранете го лакот од ноктите и потопете ги стапалата во ревитализирачка купка, пет до десет минути. Купката за стапала можете и сами да ја подготвите. Наполнете поголем леген со еднакво количество млеко и вода и додајте неколку капки масло од лаванда.

2 чекор: Обликување на ноктите

Втријте малку средство за заноктици во коренот на ноктите и потиснете ја здебелената кожичка во тој дел – тоа направете го со специјалната алатка од педикир-сетот, направена од природно дрво. Со турпија обликувајте ги ноктите за да спречите нивно враснување.

3 чекор: Пилинг

Наполнете го легенот со чиста вода и добро истругајте ги стапалата со турпија или со камен за петици, за да го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.

4 чекор: Маска

Откако ќе ги измиете со чиста вода, во стапалата и во потколениците втријте хидратантна маска. Почекајте десетина минути и измијте ги нозете под млаз вода.

5 чекор: Хидратација

Избришете ги стапалата со крпа (никако со енергично триење!) и намачкајте ги со хидратантен крем, нежно масирајќи ги. Потоа, раширете ги прстите со мек сепаратор, отстранете ги остатоците од лосионот со памукче и намачкајте ги ноктите со основниот слој од лакот.

6 чекор: Лакирање

На секој нокт лакот нанесувајте го во три ленти – централна, и по една од секоја страна – и тоа од коренот до врвот на ноктот. По две минути, нанесете втор слој од лакот, па трет, завршен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi