Што се треба да знаете пред сами да се фарбате?

1 септември, 20170
8

Кога и да посакаме нешто да смениме, косата е таа која ни е прва, а промената која тогаш ја правиме е највпечатлива, највидлива и најефектна. За да не се случи со таа одлука нешто да „расипете“, денеска ќи ве предупредуваме на неколку ситници за кои треба да размислите пред самите да се фатите за работа – фарбањето.

1.Најпрво, доколку сакате драстична промена на бојата на косата, пример да „прејдете“ од плава во црна или од црна во плава, најдобро е сепак да отидете на фризер. Доколку сакате мала промена, тоа можете и самите да го направите дома.

2.Понатаму. Морате да ја разбирате и познавате својата коса. Освен доколку немаате седа коса, а секоја, баш секоја коса има црвен пигмент, само што кај некого тоа е по изразено, а кај некого помалку изразено. Доколку сакаате црвеникав сјај – супер. Лесно ќе го постигнете. Но, доколку го мразите истиот, тогаш бирајте фарби кои се ладни и пепелни.

Потоа размислете за тоа дали сакате трајно да се исфарбате или само да пробате со колор шампон или фарба без амонијак која е „привремена“. Секако, јасно е дека „вистинската“ фарба повеќе ја оштетува косата, но подобро ги покрива седите, додека вашата коса со „привремените“ фарби секако ќе изгледаат сјајни, нежни и меки. Така што, во зависност од тоа каков ефект сакаш да постигнеш, одбери соодветна фарба.

3.А сега – нијансата. Доколку сакате убав, природен изглед, нијансата да не отстапува од вашата природна боја повеќе од два тона. На пример, ако имате средно кафеава боја на коса, фарбата нека биде посветла од темно сина нијанса.

Бојата на коса мора да се совпаѓа со вашиот тен. А за да одберете вистинска нијанса, определи дали вашиот тен е „топол“ или „ладен“. Тоа најлесно ќе го одредите ако си ги погледнете вените. Доколку се тие сини, веројатно имаш „ладен“ тен, а доколку се зелени, тогаш станува збор за „топол“ тен на кожата. Доколку вашиот тен на кожата е ладен, бирајте ладни, пепелни бои, а доколку е топол, бирај раскошни, топли, златни или карамел нијанси. Ако не сте сосема сигурни, одбери нешто што е неутрално што им прилега на сите.

4.И бојата на вашите очи доста допринесува во одбирањето на вистинска нијанса за косата. Кафеавите очи со жолт сјај „бараат“ топли нијанси, како златни или карамел, ледените сини очи „бараат“ исто такви ледени нијанси, додека зелените и „чисто“ кафеавите очи можат да одат во двете насоки, односно, со нив можете да испробате било која боја на коса која се согласува со вашиот тен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *