Совети за чувствителната кожа околу очите

30 август, 20170
3

Сигурно сте прочитале многу пати дека треба да обрнеме внимание на нашата кожа околу очите, особено затоа што е потенка, содржи помалку масти и е без мускули под неа. Под неа се крвните садови кои можат да направат темни кругови, ако се појават на површината. Да се обидеме да го оддржиме младешкиот изглед на кожата, додека можеме. Добар сон, тоа е веќе добро познато. Добар сон за добар и свеж изглед. Очила за сонце и во сончеви денови од зимата, бидејќи сонцето се отсликува на снегот, па од ефектот на силна светлина подзамижуваме, што предизвикува појава на брчки.Чистете ја шминката пред спиење. Дозволете и на кожата да дише барем додека спиете. Мијте се со ладна вода, таа ќе ги намали темните кругови под очите, но внимавајте да не е премногу ладна. Бидете нежни, осетливата кожа околу очите не толерира суров третман, па бидете нежени со примена на креми, серуми. Доколу грубо ја чистите кожата во овој предел може да им нанесете штета на малите крвни садови, и да се појават темните кругови под очите. За да дознаете која е причината за отоците околу очите можеби треба да посетите лекар, да види дали вашите бубрези се во добра функција. Но појавата на отоци може да биде предизвикана и од:
-доколку спиете во позиција во која главата ви е подигната во однос од остатокот од телото
-нанесување на тешки креми околу очите
-поголема дневна доза на сол, која може да ја задржи водата во вашето тело
-алкохол и зачинета храна
Компирот, чај и облоги од камилица може да го намалат отокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi