Совршена линија со моливче не е невозможна мисија

9 февруари, 20170
10

Кај цртањето на очите потребно е прво да изберете свој начин- за права линија и вечерен драмастичен изглед користете течна верзија на моливче, а за поблага и суптилна дневна варијанта најдобри се моливите за веѓи.

Ставете малку пудра во прав на горниот и долниот капак за моливчето подобро да “фати”. Ако сакате завиткани трепки направете го тоа пред цртање на окото.

Ставете го лактотот на цврста подлога за да не ви се мрда раката. Почнете од средина и влечете до внатрешноста на окото, што е можно поблиску до коренот на трепките. Повторно од средина повлечете линија до надворешниот дел.

Доколку очите ви изгледаат ”зачадени”, ставете малку сенка на тој дел преку моливчето, и нежно поминете врз него.

Мали очи – нацртајте темна црта која се здебелува на надворешниот дел од окото. Користете светли моливи ( злато, сребро, бело ) за линија под долните трепки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi