Тајната на убавиот тен: нанесете помалку руменило

6 октомври, 20170
4

За да ја истакнете вашата убавина и да го потенцирате природниот изглед, важно е да знаете како да изберете адекватна нијаса на подлога, пудра и на руменило – советува визажистката Лаура Гелер.

Пудрата за сенчење на лицето би требало да биде за две нијанси потемна од подлогата, а руменилото за една нијанса посветло од кожата. Во зависност од тоа какво лице имате со сенчењето можете да ги истакнете предностите и да ги скриете недостатоците: да ги истакнете јаболчниците, да го стесните лицето, погрубите црти на лицето да ги направите понежни и слично.

Со сенчењето се истакнуваат деловите под јаболкниците, слепоочниците или рабовите на челото, а со руменилото сите испакнати делови – јаболчниците, врвот на носот, врвот на брадата, лакот над усните и подрачјето над веѓите.

Откако ќе истакнете што сакате, обратете внимание на очите. Тие не смеат да бидат премногу истакнати бидејќи со тоа ќе им го нарушите природниот изглед. Подобро изберете неутрални бои или такви кои добро се сложуваат со вашиот тен. Одбегнувајте црн молив или анлајнер бидејќи на лицето му даваат „тежок“ изглед.

По работ на горниот капак на очите подобро извлечете линија со сив молив која ќе ги истакне вашите очи, а нема да изгледа нападно. За дополнителен ефект можете и да ги свиткате трепките. Особено внимание посветете на руменилото. Лаура Гелер советува секогаш да нанесете помалку руменило отколку што сте имале намера, а за природен изглед најдобри се оние со бронзени тонови. На крајот доволен е само неутрален кармин и малку сјај за да заблескате.

Никој нема совршени црти на лицето, дури ни ѕвездите. Затоа пред шминкањето морате да откриете кој облик на лице имате и во согласност со тоа како да ги скриете недостатоците. Кога ќе го откриете тоа, ќе ви преостане само добро да се извежбате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *