Трик со вода кој ќе ви открие дали вашата коса е здрава

14 март, 20170
8
Помеѓу редовните посети на фризерот, сушењето на косата со фен, нејзиното стилизирање со пегла за коса и витлери и стегачи, изложување на сонце и т.н. речиси е невозможно да се избегнат разните оштетувања.

Но, постои голема разлика помеѓу мали и големи оштетувања, а доколку сакате да проверите во каква состојба е вашата коса, за ова постои едноставен трик кој ќе ви даде одговор, а потребни ќе ви бидат помалку од 10 секунди.

Потребни ви се чаша вода и влакно.

Што да направите? Наполнете 3/4 од чашата со вода и ставете влакно од косата во неа. Доколку остане на врвот, сè е во ред. Доколку потоне на дното на чашата, имате проблем.

Што значи ова? Сè се сведува на порозноста на вашата коса, односно кој е степенот на нејзиното впивање. Доколку надворешниот слој, односно кутикулата е уништена, водата ќе поминува низ неа и тоа ќе ја потопи.

Како брзо да ја ублажите штетата? Еднаш неделно, почастете ја вашата коса маска за зацврстување на надворешните слоеви. Исто така, обидете се да користите што помалку жешки алатки за стилизирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *