Трикови за убавина со сода бикарбона

27 ноември, 20170
3
Содата, освен што има широка употреба во домаќинствата, може да биде и одлична состојка за убавина. Достапна е, ефтина и не е опасна по здравјето. Еве неколку едноставни трикови за нега на лицето со сода бикарбона.
Маска за лице

Во блендер измешајте една лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Додадете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа смеса. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете.

Против црнки

На црнките можете да им ставите крај со овој природен лек. Во малку гел за миење лице додадете една лажица сода бикарбона, лажица сол, и измешајте. Нанесете на сува кожа, почекајте 5 минути и потоа исплакнете.

Чистење на лицето

Ставете малку сода бикарбона на вашата дланка, додадете неколку капки вода и потоа тријте го лицето. Вака ќе направите нежен пилинг, но притоа внимавајте смесата да не дојде во допир со очите, па убаво исплакнете.

Отстранување на лажниот тен

Кремите за самопотемнување често знаат да остават флеки по телото, особено ако не ги користите правилно. Содата е добро решение против овој проблем. Исцедете сок од лимон и додадете му неколку лажици сода бикарбона, така што ќе добиете густа паста. Користете ја како пилинг, тријте сè додека флеките не исчезнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi