Убавината „е во рацете“ на рицинусовото масло

17 јануари, 20170
9

Рицинусот е високо едногодишно растение кое потекнува од Африка. Познато е пред 4000 години и е пронајдено и во некои египетски гробници. Целото растение е отровно, но најотровни се семките. Денес со прецизна обработка на растението, се извлекува екстрактот, која ние го познаваме како рицинусово масло. Ова масло е одлично козметичко средство, кое се користи самостојно или во комбинација, за исхрана на кожата и косата, како индустриска козметика или како дел од домашните маски.

Што се однесува за лицето, доволно е да се нанесува и самото масло, со што кожата се омекнува, се изедначува тенот, се чисти лицето од нечистотии и флеки, а особено е полезно за кожата околу очите, бидејќи маслото ги измазнува ситните брчки околу очите.

Рицинусовото масло е идеално и за проблемите на опаѓање на косата. Еднаш неделно правете маска од ова масло со малку водка и масирајте добро во корените и после 20 минути измијте ја косата. После само неколку третмани косата ќе престане да паѓа.

Освен тоа маслото е идеално и за грижата на кожата по целото тело, после туширање намачкајте се со загреано рицинусово масло и кожата ќе ви биде како бебешка. Особено оние места како колената и лактите, продира длабоко во задебелената кожа ја храни и ја омекнува. Го има во сите апотеки, не заборавајте да го пробате, навистина делува! Јас си го користам за маски за коса и сум презадоволна!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *