Забавете го стареењето – маска за лице од брусница

8 март, 20170
9

Брусницата не е само вкусно овошје полно со витамини кое ќе биде супер декорација на вашата трпеза.Таа е и одлична состојка за нега на кожата! Маските од брусница се сметаат за едни од најблаготворните кога станува збор за убавината.

Од брусниците можете да направите одлична маска за лице. Сè што ви е потребно се неколку состојки кои ќе ви ја освежат кожата и ќе го забават нејзиното стареење.

Потребни ви се само брусници, грозје, сок од цитрон и желатин.

Киселините кои ги содржат овие плодови делуваат како чистачи на мртвите клетки и нечистотиите на лицето, а витамините А и Ц помагаат во произведувањето на колаген. Брусницата се бори против слободните радикали кои може да предизвикаат создавање на брчки и помагаат вашата коса да остане влажна.

Потребни состојки:

1 шолја свежи брусници

1 шолја грозје

2 лажици сок од цитрон

1 кесичка желатин (без вкус)

Подготовка:

Измијте ги брусниците и грозјето, а потоа ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете  хомогена смеса. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер 35-40 минути за да се згусне. Извадете ја и оставете ја на собна температура околу 10 минути.

Пред да ја нанесете маската, најпрво тестирајте ја на внатрешната страна на подлактицата каде што кожата е најчувствителна, за да бидете сигурни дека не сте алергични на некоја од состојките. Измијте го лицето и целосно исушете го.

Пожелно е да облечете некоја стара маица кога ќе ја нанесувате маската бидејќи состојките може да ја офарбаат облеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi