Анемија: Како да знаете дали сте слабокрвни?

17 јануари, 20170
1

Анемијата е болест која подразбира намален број на црвени крвни зрнца, намалено ниво на хемоглобин (Hgb) и, или на масата на еритроцити во крвта (Hct), поради што во мозокот, срцето, мускулите и другите делови на телото не доаѓа доволна количина на кислород.

Анемијата може да биде предизвикана од обилно крварење, недостаток на фолна киселина, или витамини Б12, пореметување во созревање на еритроцитите, како и од зголемено и забрзано разградување на црвените крвни зрнца.

Сепак најчеста причина за слабокрвност е недостаток на железо што доведува до таканаречената сидеропенична анемија. Ова заболување понекогаш се развива и покрај правилната исхрана, бидејќи телото поради некоја друга болест, или примена на одредени лекови, не може да апсорбира доволно количество на железо. Голем број на трудници страдаат од анемија, бидејќи го занемаруваат фактот дека на нивниот организам им треба поголема количина на овој минерал.

За слабокрвност карактеристични се чести главоболки, повремено гушење поради недостаток на воздух, губење на концентрација, замор и срцева аритмија. Лицето и слузокожата стануваат бледи, ноктите крти, а се јавува и преосетливост на инфекции.

Бебињата и малите деца со анемија губат апетит, не можат долго да го задржат вниманието, подоцна проодуваат и прозборуваат, заостануваат во развојот.

Многу е важно да се обратите на лекар веднаш штом се посомневате на анемија, а терапијата ја препишуваат исклучиво специјалисти, бидејќи неконтролиран внес на железо може да предизвика оштетување на црниот дроб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi