Човечкиот мозок постепено се намалува

29 август, 20170
7

Човечкиот мозок постепено се намалува, во текот на изминатите 20.000 години, а научниците се прашуваат околу тоа, дали ова значи дека ние станавме помудари или едноставно поглупави. Намалувањето на големината на мозокот дојде по два милиона години во кои човечкиот череп постепено се зголемувал, како што се случувало низ светот и на двата пола и сите раси, пишува “Дејли мејл”. “Во изминатите 20.000 години, на просечниот маж големината на мозокот му е намалена за 1500-1350 кубни инчи, што значи дека е загубен дел од мозокот во големина како тениско топче. Истото се случува и со мозокот на жената, и тој е намален во иста мера”, пишува Кејтлин Меколиф во текстот објавен во американското научно списание ” Дискавери “. Таа ги коментирала наодите на антропологот Џон Хокс од Универзитетот во Висконсин, кој тврди дека намалувањето на човечкиот мозок не мора да значи дека ја намалува и интелигенцијата, туку напротив да ја зголеми. Мозокот користи 20 отсто од енергијата на телото, и поголеми мозоци бараат поголема моќ и побавно се развиваат, според Хокс. Со овие наоди, некои антрополози, се согласуваат, укажувајќи дека доколку нашите мозоци се уште помали, ќе станат поефикасни, додека други веруваат дека човекот во текот на развојот станува повеќе глуп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *