Домашна напивка за намалување на крвниот притисок

7 септември, 20170
6

Направете природен лек кој ќе го регулира вашиот крвен притисок и ќе го подобри вашето општо здравје.

Не постои листа со здрави намирници на кои боровинките немаат свое место. Научните истражувања покажаа дека овие вкусни бобинки можат да помогнат во контролирањето на крвниот притисок.

Експертите сметаат дека неверојатниот лековит потенцијал на боровинките потекнува од богатството на антиоксидантите кои ги намалуваат воспаленијата и делуваат благотворно на вашето здравје.

А еве уште една добра вест – не ви се потребни големи количини на боровинки за да ги искористите нејзините благодети. Доволно е да испиете еден лековит напиток од боровница дневно и веднаш ќе ги забележите позитивните промени на вашата здравствена состојба.

Покрај тоа што содржи боровница, овој напиток содржи и банана, јогурт и спанаќ, па така тој е богат со калиум, пробиотици и диететски нитрати.

Помешајте шоља боровинки (може и замрзнати) со една зрела банана, шоља немасен јогурт, шоља спанаќ и се добро измешајте во блендер. Ќе добиете две чаши напиток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi