Кај жените помнењето слабее во педесеттите

27 јануари, 20170
1

Резултатите од неодамна спроведено истражување упатуваат на тоа дека паметењето и времето или брзината на реакцијата на мозокот кај жените започнува да слабее во педесеттите години од животот, што е во спротивност со поранешните сознанија според кои опаѓањето на когнитивните способности не започнува пред шеесеттата година, според студијата објавена во списанието PLOS ONE.

Група научници од универзитетите УКЛА и Брејндес во текот на десетгодишен приод следеле повеќе од 2.000 жени во четириесеттите години, до влегувањето во менопаузата, утврдувајќи дека во споменатиот период брзината на когнитивните реакции на мозокот кај испитаничките просечно паѓала за 5 отсто. Вербалното епизодно паметење во истиот период се намалило, пак, за 2 отсто.

Научниците истакнуваат дека според нивните забележувања, регистрираното ментално стареење не е последица на хормоналните промени коишто го следат овој период од животот кај жените. Мерењата научниците ги спроведувале на секоја година до две во просечен шест и пол годишен период.

„Резултатот од лонгитудиналното истражување покажа цврсти докази за почетокот на процесот на когнитивно стареење кај средовечните жени, со особен акцент на намалувањето на брзината на обработувањето на податоците и вербалното работно паметење“, се наведува во студијата.

Авторите истакнуваат дека во претходните истражувањата не била мерена менталната способност на лица помлади од 60 години, како и дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања за да се утврди кои фактори влијаат врз слабеењето на паметењето и да се направат обиди да се најдат начини со кои когнитивното стареење би се забавило.

Наведуваат и дека, и покрај тоа што промените се случиле во периодот на менопаузата, не сметаат дека когнитивното стареење е последица на хормоналните промени коишто се јавуваат во тој период од живото на жената. Научниците истакнуваат дека знаците на когнитивното стареење не претходеле на влошување на состојбата во другите сегменти од здравјето на жените.

Истражувањето е спроведено само на женска популација, но некои претходни истражувања покажаа дека мажите повозрасни од 40 години имаат многу полошо паметење од жените на истата животна возраст, како и деа жените воопшто се подобри во помнењето н коверзациите од мажите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi