Како да го решите проблемот со враснат нокт во домашни услови?

6 октомври, 20170
9

Се верува дека секоја петта личност страда од враснат нокт. Тоа е непријатна и болна појава која најчесто се јавува поради неправилно сечење на ноктите. Ноктите правилно се сечат рамно, а не заоблено.

Обично враснат нокт се јавува на едната или двете страни од палецот. Тоа се случува кога деформираниот нокт неправилно расте во кожата околу ноктите или кога кожата расте побрзо отколку нормално и ги опфаќа рабовите на ноктите.

Носењето на тесни и неудобни чевли може дополнително да ја влоши состојбата. На почетокот враснатиот нокт може да биде без некои посебни симптоми, но подоцна регионот станува многу болен, посебно кога има притисок на наведената локација. Најчесто областа е црвена и топла. Доколку не се лекува, враснатиот нокт е склон кон инфекции. Доколку се инфицира, оваа област станува многу болна, црвена и отекува. Можна е и појава на гној, кој дополнително ќе ви го отежни одењето и стоењето.

При појавата на враснат нокт препорачлива е посета на доктор. На доктор под дејство на анестезија се отстранува целиот нокт. Зафатот не е болен, но закрепнувањето е долго бидејќи треба да ви израсне нов нокт. Затоа, одењето на доктот нека ви е последна опција. Ние ќе пробаме на поинаков начин да ви помогнеме:

Потопете го ноктот во врела вода. Со тоа ноктот ќе омекне. Потоа со помош на стерилизирана игла подигнете го враснатиот нокт и ставете мало парче памук под него. Со тоа, ноктот ќе добие правилен правец на растење. Парчето памук менувајте го секој ден.

Облога од лимон – Околу проблематичниот нокт врзете парче свеж лимон и оставете да делува цела ноќ. Наредниот ден, кога ноктот ќе биде доволно мек, со стерилна игла подигнете го и сецнете.Секојдневно ставајте памук помеѓу сецнатиот нокт и кожата. На тој начин ноктот ќе добие правилен правец.

За да го намалите гноењето: Ставајте облоги од модар патлиџан. Откако гноењето ќе се намали, измешајте брашно и мед и со помош на газа превијте го ноктот. Откако ќе ја симнете газа, ноктот исплакнете го со чај од камилица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi