Кои се боите на здравјето?

10 мај, 20170
7

Секој сака убава кожа, здрава коса и нокти, добро здравје. Знаеме дека решението донекаде се витамините и минералите, кои ни ги носи овошјето и зеленчукот. Малку од нас ги поврзуваат боите со здравјето, но помеѓу нив постои врска. Кажете им здраво на витамините но не заборавајте дека и боите се важни.

Црвената боја штити од рак на градата – домати, лубеница, јаболко, розов грејпфрут. Сите тие содржат ликопен, фитоматерија, која го пази телото од штетните слободни радикали.

Зелената боја штити од перде на очите – спанаќ, грашок, магдонос и се што е зелено…тие го забавуваат и процесот на стареење.

Жолто-оранжевите бои меѓу кои портокалите, морковите, дињата, мангото, папајата, кајсиите, тиквата, ананасот, мандарините, праските и груги се идеални за очите и видот.

Црвено-виолетовата боја – сливи, јагоди, црно грозје, цвекло и модар патлиџан се силни антиоксиданси кои штитат од многу болести.

Белата боја – пресен кромид, лук, праз, компири, круши, карфиол и други содржат алицин кој делува против создавање на тумори, а содржат исто така и антиоксиданси и флавоноиди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *