Куркума – жолтиот прав убиствен за вирусите

9 мај, 20170
5

Иако на многу луѓе кукркумата им звучи ново и егзотично, работите стануваат многу појасни кога ќе ги поврземе куркумата и карито. Имено, кари е мешавина од 20 различни зачински билки, зачини и семки, а куркумата е една од главните состојки и е одговорна за неговата жолта боја.

Токму жолтиот пигмент на куркумата е највредниот дел од оваа коренеста билка која најдобро успева во кужна Азија. Затоа, доколку на декларацијата на некој производ во листата на состојки здогледате E100, не се грижете – тоа е ознака за природно жолтото боило куркумин.

Зачинскиот прав од куркума има важна улога во индиската кујна и во останатите кујни во јужна Азија, а заради спознанието за бројните поволни влијанија врз здравјето е се поприсутен во кујните во западниот свет.

Последните години куркумата го плени вниманието на научната заедница заради бројните лековити својства. Содржи цела низа витамини и минерали; пред се, содржи витамини Б6, Б3, фолна киселина па минерали калиум, железо и манган. Исто така, претставува добар извор на несварливи прехранбени влакна и што е особено интересно, содржи и есенцијални омега-3 масни киселини.

Апсолутно најголем адут на куркумата е куркуминот, растителен пигмент што е заслужен за нејзината специфична боја. Токму заради куркуминот листата од тераписки својства на куркумата е прилично долг. Имено, се покажало дека куркуминот поседува силни противвоспалителни и антиоксидативни својства. Исто така, погодна е и за дијабетичари затоа што има поволно влијание врз регулирањето на нивото на инсулин во крвта, а се покажало дека делува поволно и на кардиоваскуларниот систем намалувајќи го нивото на лошиот холестерол, истовремено зголемувајќи го нивото на добриот холестерол.

На куркумата и се припишува антивирусно, антибактериско, антимикотичко (спречува настанување на мов) и антиканцерогено делување. Исто така, откриено е дека куркумата е добра за црниот дроб бидејќи ја прочистува и ја зголемува нејзината способност за детоксикација.

Може да се додава како зачин во разни сосови и маринади, одлично оди со јогурт, ориз, пилешко, но и други видови на месо, со леќа, морски плодови, салати и преливи за салати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *