Лекување со оцет

6 декември, 20170
7

Оцетот е еден од универзалните производи во кујната, кој служи како за кулинарски цели, така и како лек при здравствени проблеми. Погледнете што треба да знаете за лекување со оцет.

Кој оцет е поздрав?

Кога станува збор за здрава исхрана и лекување во домашни услови, имајте во предвид дека се користи исклучиво јаболков оцет, бидејќи за разлика од винскиот, тој е органски и корисен за организмот. Јаболковиот оцет е богат со витамини и ензими, има антисептично дејство и не го иритира желудникот кога се зема внатрешно.

Што може да лекувате со оцет?

Се покажува дека оцетот е незаменлив лек од домашната аптека. Колку почесто го користите во секојдневното мени, толку посилен станува вашиот имунолошки систем, кој успева да одолее на вируси и инфекции.

Освен со своето профилактичко дејство, оцетот е познат и како непријател на лошиот холестерол. Исто така ја штити слузницата на желудникот од формирање на микроби и ја подобрува цревната флора. Оцетот служи и за подобрување на циркулацијата и зајакнување на коските.

Користете го и кога сте настинати. При болки во грлото може да си направите гаргара со топла вода во која има растворено една лажица јаболков оцет. При главоболка, висока температура направете компреси од оцет, а при болки во зглобовите – масирајте ја болната зона со топла вода и оцет.

Оцетот наоѓа примена и како средство за слабеење, бидејќи е утврдено дека неговата редовна потрошувачка се одразува позитивно на метаболизмот и помага за брзо симнување на вишокот на килограми. За таа цел секој ден пред јадење земете по една чаша топла вода во која претхотно сте раствориле една лажица јаболков оцет и една лажица мед.

Третман со оцет – рецепти

При болки во мускулите – се прават загревачки масажи на целото тело со мешавина од јаболков оцет и маслиново масло во однос 1:6.

При проширени вени – лозови листови се потопуваат во јаболков оцет околу 2 часа и потоа се ставаат врз оштетената зона. Превезот треба да стои една ноќ.

При шилци – се прават облоги од црн леб, натопен во јаболков оцет и се врзуваат со шамија.

При испукани пети и габични инфекции – се прават компреси од памук натопен во јаболков оцет, кој се покрива со најлон. Потоа облекувате дебели чорапи и останувате така цела ноќ. Постапката треба да се повтори неколку пати за да има ефект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi