Магдоносот ги лечи уринарните инфекции

14 март, 2017
13

Магдоносот не е само билка која е ценета во кулинарството, тоа е билка која е моќна за нашето здравје.

Магдоносот многу успешно ги намалува тегобите кои се предизвикани од уринарните инфекции.

Листовите на магдоносот е особено богати со витамин Ц, кој е клучен за лечење на сите уринарни инфекции. Заради кратките мочни канали кај жените, тие се посебно изложени на овие тегоби. На нив им се препорачува есенцијално масло од магдонос, кое ја стимулира матката и излачувањето на мокрачата, а истовремено и ги исфрла бактериите.

Направете чај кој ќе ви помогне да ги смирите симптомите на уринарните инфекции така што ќе измешате 5 лажици иситнет корен и лист од магдонос и ќе ги прелиете со половина литар вода. Варете ги 5 минути. Потоа оставете го чајот да отстои 20 минути, па процедете го. Се препорачува да се пие по три пати од овој чај во текот на денот.