Најчести симптоми на депресија

11 јануари, 20170
7

Тука ви претставуваме десет вообичаени симптоми на депресија.

Секоја година, околу 9.5% од американската популација страда од депресија. Депресијата е опасна болест која влијае на секојдневниот живот и уништува семејства. Тоа е пореметување кое го контролира умот и неговите функции, па така предизвикува губиток на апетитот, несоница, промени на расположението и длабоко чувство на очај.

Симптомите на депресија се менуваат и со текот на времето имаат посилен интензитет. Според тврдењата на стручњаците, депресијата може да биде наследно пореметување или да биде предизвкано од тешки и смртоносни болести или стрес. Други причинители кои може да влијаат се одредени болести, лекови, дрога, алкохол или други ментални заболувања. Се чини дека жените почесто патат од депресија отколку мажите и тој феномен се препишува на хормонални промени, менструалниот циклус, бременост, абортуси и времето пред и по менопауза.

Вообичаени симптоми на депресија се:

  • Постојано чувство на тага, немир или празнина.
  • Претерано чувство на безнадежност пропратено со песимистични мисли.
  • Изразено чувство на вина, чувство на безпомошност и безвредност.
  • Губиток на енергија, успорување на метаболизмот и активностите. Постојано чувство на умор.
  • Чувство на безпомошност со зголемени проблеми со концентрацијата и донесување одлуки.
  • Губиток на сон и развој на засилена несоница.
  • Необјасниво губење или добивање на тежина. Губиток на апетитот или претерано јадење.
  • Мачни мисли и самоубиствени намери.
  • Губиток на контролата, иритација и општ немир.
  • Физички манифестации како главоболки, проблеми со варењето и хронични болки без некоја важна причина.

Ако патите од некој од симптомите што се наведени горе и ако се пропратени со промени во однесувањето консултирајте се со вашиот лекар. Лекарот ќе ве прегледа темелно за да исклучи физички причинители за депрсијата, но и ќе ви помогне со сите потенцијални медицински проблеми. И тогаш, ако е потребно, ќе ви препорача дали да одите на психијатар или психолог.

Преземете ги работите во свои раце и пробајте да ја отфрлите негативноста од вашиот ум. Отфрлите ги од животот поимите како што се исцрпеноста, беззначајноста и безнадежноста. Променете си го животот со поставување на неколку животни цели. Пробајте да се опуштите, медитирајте и уживајте во музика. Најдете за себе нови хобиа кои ќе ви го исполнат времето и целите што сте ги зацртале. Излегувајте, запознавајте луѓе и учествувајте во групни активности. Избегнувајте дружење со негативни луѓе. Решете да уживате во филмови, утакмици, семејни собири, излети или прошетки. Бидете позитивни, самоуверени и верувајте во себе. Вербата е сама по себе одличен лек.

Одлучете да го промените својот живот на подобро. Но, без оглед на сé придржувајте се до инструкциите на лекарот. Лечењето може да содржи: лекови против депресија, психотерапија, но и промена на животниот стил. Во изразени случаи се препишува и терапија со електрошокови.

Ако вашата депресија се зголемува или размислувате за самоубиство, веднаш попбарајте помош од вашиот матичен лекар. Контактирајте ја локалната здравствена установа, локален центар за ментално здравје, болница или клиника. Некој сигурно ќе ви подаде рака и ќе ви помогне во текот на кризата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi