Најдобриот лек за кашлица е чоколадото

14 јануари, 2017
1

Оставете ги медот и лимонот и земете чоколадо.

Професорот Алин Морис, директор на кардиоваскуларни и респираторни студии на Универзитетот на Хул, тврди дека истражувања откриле дека чоколадото помага во ублажување на кашлицата.

Резултатите од најголемата студија некогаш направена во Европа за лек кој се продава без рецепт открија дека лекови што содржат какао се подобри од стандардните лекови за кашлица.

Споредбата што вклучуала 163 пациенти откри дека лековите на база на чоколадо поттикнуваат значително подобрување на симптомите во рок од два дена.

Покрај тоа, истражувачи од Империјалниот колеџ Лондон откриле дека теоброминот, алкалоид во какаото, е поефективен во потиснување на рефлексите на кашлицата отколку кодеин, моментално омилената состојка во повеќето лекови за кашлица.

Какаото исто така е полеплив вид на лек отколку стандардните лекови за кашлица, правејќи заштитен слој врз нервните завршетоци во грлото кои го отпочнуваат поривот за кашлање.

Сега само чекаме научнците да ги откријат лековитите својства на пицата…