Направете сами: Домашен лек со кора од портокал

19 јули, 20170
5

Кората од портокалот содржи голем број хранливи вредности и висока доза на витамин Ц. Содржи голем број состојки што делуваат превентивно на појавата на рак на дојка и дебело црево, но исто така можат да бидат и од голема помош при борбата во раната фаза на овие видови рак. За да го искористите најдоброто од ова овошје, сѐ што ви е потребно се домашни и непрскани портокали.

Витаминот Ц е неопходен за нашиот организам. Тој може лесно да се најде во природата, а за да го „наполниме“ нашето тело со него, доволно е да консумираме многу овошје и зеленчук. Витаминот Ц е важен сојузник во борбата против разни болести, настинки и инфекции. Исто така, има важна улога во регенерација на ткивата и борбата против слободните радикали. За да се погрижите дека внесувате доволна количина за вашето тело, многу е важно да обрнете внимание на овој витамин. Подготовката на домашниот прав од кората на портокал е единствена, бидејќи на тој начин телото може 100% ефикасно да го искористи витаминот Ц. Всушност, токму во кората на портокалот се крие најголемата концентрација на овој витамин.

За подготовка ви се потребни неколку портокали, но исклучително е важно да бидат домашни и непрскани. Откако ќе го изедете плодот, во печка исушете ја кората. Потоа, сомелете ја во мелница за кафе или блендер. Правот кој сте го добиле ставете го во тегла и потоа добро затворете ја.

Една лажица од овој прав содржи дупло повеќе витамин Ц отколку самото „месо“ на плодот. Можете да консумирате по една лажица од тој прав на ден. Исто така, можете да го измешате со јогурт, да го додадете во вашето утринско смуди или едноставно да го ставите во чаша вода. Одлична „помош“ е и при подготовка на разни слатки. Со правот можете да го ароматизирате вашиот колач и така омилениот десерт да го направите уште подобар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi