Научниците откриваат зошто луѓето ги раздразнуваат некои шумови

15 февруари, 20170
5

Проучувањата на мозокот им помогнале на научниците да дознаат што го објаснува раздразнувањето што го чувствуваат некои луѓе од звуци како што се шкрипењето или „пукањето“ на прстите, а резултатите од студијата се објавени во списанието Current Biology.

Нарушувањата при кои некои звуци предизвикуваат болни иритации кај луѓето се познати како мисофонија. Често се верува дека тоа е само манифестација на хиперсензитивност, но група научници од Велика Британија успеаја да разјаснат дека мисофонијата е поврзана со особености во функцијата на мозокот.

Олана Тенсли-Хенок, една од научниците вклучени во истражувањето, и самата страда од мисофонија. „Шушкањето од чипс, кој го јаден некој доволно блиску до мене, ме раздразнува. Тоа е манифестација на психолошкиот механизам ‘борба или бегство’“, вели научничката за BBC. Слична реакција кај неа предизвикува и звуци од брзо дишење, мљацкање или шушкање.

Истражувачите спровеле МРТ на мозоците на 42 лица, од кои 20 страдале од мисофонија, истовремено со репродукција на некои звуци. Вкупно научниците користеле три типа звуци: неутрални, како на пример шумење на дожд; непријатни за повеќето обични луѓе, како што се продорни врисоци, и на крајот звуци кои предизвикуваат раздразнување само кај луѓето кои страдаат од мософонија.

Се покажало дека во првите два случаи во двете групи испитаници се забележувала идентична реакција, а кај третина од нив, кај кои била потврдена мисофонијата, биле забележани зголемени активности во ткн регион на изолација на мозокот. Овој дел од мозокот е одговорен за врската меѓу осетите и човечките емоции. Покрај тоа, истражувачите забележале разлики во односите меѓу инсула областа на мозокот и другите делови од мозокот кај двете групи испитаници.

Научниците се надеваат дека откривањето на поврзаноста меѓу мисофонијата и работата на мозокот ќе им овозможи натамошно развивање на третманите за ова нарушување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi