Ова мора да го знаете: Што да направите ако заборавите да ја земете пилулата за контрацепција?

6 февруари, 20170
Pretty Woman Looking A Pregnancy Test While Her Boyfriend Sleepi

Иако правилата за користење на контрацепцијата се многу едноставни, жените често забораваат да ја испијат таблетата. Ако и вие некогаш се најдете во таква ситуација следете ги следните инструкции.

Напиј се таблета секој ден во исто време тринедели по ред, па паузирај една недела – многу јасен начин на користење на таблетите.

Меѓутоа, обврските може да го нарушат овој режим, и да го пореметат цел процес на заштита од несакана бременост.

Истражувањата покажуваат дека жените забораваат да се напијат таблета преку викендот, бидејќи тогаш се менува нивната дневна рутина. Се поставува прашањето: Што да направам ако заборавам да се напијам таблета?

Многу е важно во текот на која недела сте заборавиле да се напиете една или повеќе таблети. Најголем ризик има во текот на првата недела после паузата. Сепак, ако каснењето не е поголемо од 12 часа, може да се каже и дека нема никаков ризик.

Ако сте пропуштиле една контрацепциска пилула

Ако сте пропуштиле само една таблета или сте закасниле само еден ден, со новата серија на таблети сте заштитени од несакана бременост и во новиот менструален циклус.

  • Веднаш напијте се таблета, па макар и две таблети
  • Останатите таблети пијте ги како и вообичаено
  • Кога ќе завршите со серијата таблети направете пауза од 7 дена

Ако сте пропуштиле повеќе контрацепциски таблети

Ако сте заборавиле да се напиете повеќе таблети, а сте премминале во нов циклус со закаснување од два или повеќе дена, шансите за несакана бременост се зголемуваат.

  • Напијте се веднаш таблета, па макар и две во денот
  • Не надокнадувајте повеќе од една таблета во денот
  • Останатите таблети пијте ги како и вообичаено
  • Следните 7 дена за време на сексот користете и дополнителна заштита

Доколку често ви се случува да заборавите на таблетите користете други контрацепциски средства како што се  кожните налепници или пак вагиналниот прстен кој стои во матката испуштајќи хормони 3 недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi