Овошните сокови го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево

7 април, 20170
11

Чаша овошен сок би требало да биде здрав почеток на денот, но експертите велат дека тиа се штетни за здравјето, повеќе одтколку што може да си замислите.

Експертите тврдат дека овошните сокови содржат многу шеќер кој го зголемува ризикот од одредени видови рак, наместо да заштитуваат од неговата појава. Додека сокот се обработува и пакува, поголемиот дел од состојките во овошјето, кои го штитат организмот од рак, се губат!

Истражувачите од Австралија се обиделе да утврдат колку се ефикасни различните видови на овошје, зеленчук и сокови во спречувањето на рак на дебелото црево.

Ја следела исхраната на 2.200 луѓе за две години. Сосема очекувано, резултатите покажале дека испитаниците кои секојдневно конзумирале свежи јаболка, карфиол и брокула, развиле посилен имунолошки систем. Од друга страна, оние кои конзумирале големи количини на овошен сок е забележан зголемен ризик за развој на малигни заболувања.

Истражувањето, кое е објавено во списанието на Американското диететско друштво, покажало дека оние кои пијат повеќе од три чаши сок дневно, имаат далеку поголеми шанси да развијат рак на дебелото црево. Најголемиот виновник е шеќерот, кој во соковите го има во големи количини. Покрај тоа, сите добри состојки од овошјето, растителни влакна, витамин Ц и антоксиданси, се губат за време на обработката на сокот.

Овошните сокови во никој случај не може да се вбројуваат во “5 здрави намирници”, препорачани од нутриционистите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *