Седум точки на енергија на телото

3 ноември, 20170
9

Ве мачи необјаснив замор, тешко ги изразувате сопствените мисли или чувствувате вкочанетост во односите со другите, можеби патите од слаб проток на енергија низ некоја од седумте енергетски чакри на вашиот организам. Учењето за чакрите, односно енергетските центри, пренесено е благодарејќи и на традицијата на јогата, но тие центри можат да ни помогнат неависно од верата или културата.

Чакрите прострујуваат низ делови од телото, зависно од местото каде што се наоѓаат, влијаат на здравјето на органите, крвотокот, активноста на хормоните, но и на емоциите и мислите. На секоја чакра традиционално и припаѓа една планета, одредена боја,симбол и елемент, за кои се верува дека го поттикнуваат нивното влијание.

Првата, коренска чакра си одговара со Меркур, поради црвената боја, четириаголна е ,и по елементот земја. Ако протокот на енергија на одделна чакра е блокиран, се појавуваат здравстени потешкотии. Коренската чакра е сместена на пределот на карлицата. Представува животна енергија и страст. Проблемите со варењето, меурот и бубрезите т.е. недостаток на енергија укажуваат на неразвиеност на првата чакра. Ако се плашите од иднината, без енергија сте, и лесно се исцрпувате, можно е енергијата на оваа чакра да е блокирана. Протокот на енергија може да се урамнотежи на повеќе начини. Еден од нив е практикување одредени положби од јогата или повторување на афирмации, односно позитивни изјави. Така да за враќање на рамнотежата на коренските чакри би требало да се повторуваат неколку пати на ден изјави како што е:Се повеќе обрнувам внимание за потребите на своето тело’’.

На нашата телесна и душевна состојба влијаат седум чакри, кои представуваат енергетски центри на свеста. Со доведување на енергетска складност на чакрите, телото се ослободува од здравствените тегоби, но и од незадоволството и недостатокот на самодовербата.

Животната радост и духовност

Крунската чакра делувана целиот организам. Ако струењето на енергија во тоа подрачје е преслабо, последиците можат да бидат хронични и може да се јават тешки болести.Чести симптоми на ослабување на оваа чакра можат да бидат непомнењето, несоница, главоболка, духовна криза, недостаток на животна радост, бегање од стварноста и неможност за одлучување. Нејзината боја е виолетова.

Центар на интинуитивните заклучоци

Слаба концентрација, недостаток на животни цели и депресија се показатели дека челната чакра не е во полна снага. Може да се јави и главоболка, тешкотии со видот или слухот. На таа чакра и одговара планетата Уран и темносината боја. Лицата кои ја перцепираат се поврзуваат со интуицијата.

Изразување на своите мисли

Грлената чакра е сместена во делот на грлото. Одговорна е за рамнотежа на чувствата и интелектот. Лицата кои тешко ги изразуваат своите мисли, срамежливи се и исто така и несигурни, тие лица често патат од потешкотии со грлото, рамената или штитната жлезда, имаат потешкотии со протокот на енергија на таа чакра. Позитивни духовни аспекти се добро развиена приватност и разноврсни интереси. Оваа чакра ја симболизира планетата Сатурн и сината боја.

Срцето е центар на љубовта

Пречки на срцевата чакра се манифестираат преку огорченост, емоционално сме ладни, болест на белите дробови, срцето, кожата, и чести алергии.

Исто така, проблеми со притисокот, чести преладувања и отежнато дишење може да бидат еден од симптомите. Ако се чувствувате осамено и имате проблем со љубовните врски, би требало да посветите внимание на срцевата чакра. Планетата Јупитер, зелената боја и елементот на воздух го поттикнуваат нејзиното делување.

Контрола на чувствата и комуникација

Папочната чакра ги регулира органите за варење и слезината. Неправилната работа на овие органи, номожноста за контрола на сопствените чувства и често лутење, укажуваат на неправилен проток на енергија.Лицата кои ја спозналетретата чакра ги следат зададените цели и покажуваат самодоверба, емпатија и сензибилитет во комуникација со другите луѓе. Папочната чакра се поврзува со жолтата боја, планетата Марс и елементот огин.

Расположение и чувства

Сакралната чакра влијае на расположението и чувствата. И одговара портокаловата боја, планетата Венера и елементот вода. Се наоѓа над полните органи, а лошиот проток на енергија се препознава по честите инфекции на мочните патишта, сексуални потешкотии, недостаток на креативност т.е склоност кон љубомора и зависности.

Желба, Животна снага и самодоверба

Коренската чакра го снабдува со енергија дебелото црево, коските, нозете и стопалата. Преголем материјализам и алчност може да бидат показател на лош проток на енерија, а лицата кај кои оваа чакра функционира одлично ќебидат издржливи, полни со волја и животна снага.

Нејзината боја е црвена, планетата и е меркур, а елемент земјата. Кој ке се потруди да ја развие таа првата, односно базната чакра, ќе ги спознае сопствените потреби и ќе биде самоуверен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi