Што наслагите околу стомакот откриваат за вашето здравје

24 јули, 20170
ThinkstockPhotos-153902725-900x500-e1500543112452

Доколку имате поголем или подуен стомак, вистинско време е да се запрашате дали вашиот организам е во ред. Овој трик ќе ви помогне во тоа.

Иако најчесто сите гледаат на естетскиот дел, вишокот на маснотии кој се таложи во пределот на стомакот може многу да открие за состојбата на вашиот организам.

Поголемиот стомак може да биде показател дека имате повеќе масти во црниот дроб, или во останатите внатрешни органи, а може да предизвика повисок крвен притисок и дијабетес тип 2.

Поради тоа би требало да одвоите неколку секунди и да го испробате трикот кој ќе ви открие дали можеби патите од наведените проблеми.

Прво што треба да направите е да го измерите обемот на струкот и колковите, За струкот се земаат мерки, малку над папокот, на најтесниот дел. Додека најширокиот дел од телото треба да бидат вашите колкови.

Добиените вредности поделете ги. Кај жената резултатот не смее да биде поголем од 0,85, а кај мажите од 1.

Доколку вашите мерки се поголеми од нормалните, потрудете се да ја регулирате исхраната. Исфрлете ја храната богата со шеќер, а слатките заменете ги со житарици и зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *