Што ви укажуваат акните кои ви се појавуваат на лицето? Кинеска мапа на лице кое ви ги открива можните здравствени проблеми

12 мај, 20170
0

Кинезите се многу прецизни и точни во сè што работат. Местоположбата на акните на вашето лице е показател за одредени проблеми во вашето здравје.

Покрај секојдневните прашини кои ни се лепат на лицето, па и можните проблеми со хормоните, акните укажуваат и на други проблеми со вашето здравје за кои можеби не сте свесни.

Акни на челото

Избор на храна кој не содржи витамини, многу стрес и консумирање на алкохол. Обидете се да јадете повеќе витаминска храна. Џвакајте добро, пијте многу вода и спијте доволно.

Мозолчиња меѓу веѓите

Проблеми со црн дроб. Ако има премногу токсини во вашиот организам можно е мозолчињата да се појават во оваа област. Намалете со производи од животинско потекло и јадете повеќе зеленчук. Пијте што е можно повеќе вода.

Мозолчиња на носот

Срцеви проблеми. Голем крвен притисок, загаденост на околината се дел од причините поради кои ви се појавуваат овие мозолчиња. Вежбајте, пијте чаеви и одржувајте го регуларното ниво на холестеролот.

Мозолчиња на образите

Проблеми со белите дробови. Поради загадување, пушење или астма. Ако се пушач, веднаш престанете. За да ви се подобри здравјето шетајте преку ден кога има дневна светлива, вежбајте и јадете зеленчук кој има зелена боја.

Во пределот на устата и брадата

Внесувањето на премногу масти и слатки може да предизвика појавување на овие мозолчиња. Намалете и со кофеинот и алкохолот. Балансирајте ја вашата исхрана, јадете овошје и зеленчук.

Во пределот на брадата и вратот

Не поминувате доволно време на сончева светлина, се исхранувате нездраво. Шетајте и јадете здраво, што е можно повеќе избегнувајте месо и млечни производи кои се наполнети со хормони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi