Со природен антибиотик против уринарна инфекција

16 август, 20170
5

Здодевните и болни уринарни инфекции најчесто ги предизвикува бактеријата Escherichia Coli. Направете домашен антибиотик кој ќе ви помогне во борбата со оваа бактерија.

Станува збор за проверен природен лек од лековити билки што ќе ви помогне да го совладате проблемот без употреба на лекови.

Антибактериското и антивирусното влијание  на подолу наведените состојки ги уништуваат и најупорните бактерии E.Coli.

Потребни состојки:
250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
250 г мед
2 дл маслиново масло

Приготвување:

Коренот од магдонос и лимонот со кора треба ситно да се исечкаат, а потоа сите состојки, заедно со медот и маслиновото масло, треба да се измешаат во блендер.
Кашестата смеса треба да се чува во фрижидер. Наутро, пред појадок и пред да се напиете кафе, земете една лажичка. Кога ќе ја потрошите содржината, бактеријата би требало да исчезне од вашиот уринарен тракт.

Се разбира, медот набавете го кај проверен пчелар, а лимонот пред употреба држете го еден час во ладна вода помешана со сода бикарбона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *