Сокот од калинка го спречува ракот

25 октомври, 20170
3

Сокот од калинка може да го спречи ширењето на карциномот и важи за многу здраво овошје. Во себе содржи масни киселини кои го спречуваат ширењето на карциномот, а научниците се надеваат дека тој ќе може да влијае и кај потешките видови карциноми.

– Сега можеме да ги искористиме природните компоненти кои ги има во сокот од калинка и со тоа да им помогнеме на заболените од карцином – велат докторите кои работеле на истражувањето.

Научниците се надеваат дека понатамошното истражување ќе открие нови компоненти кои ќе помогнат во лекувањето на заболените од карцином.

Калинката спаѓа меѓу најстарите овошја што се користат како лекови. Уште од античко време важел за природен лек затоа што е утврдено дека сокот од калинки го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, одличен е против скорбут, а поттикнува и излачување на урината. Освен тоа, има силно дејство против болки и воспаленија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *