Внимателно со парацетамолот!

1 февруари, 20170
9

Доколку редовно земате парацетамол во поголема доза од дозволената – доаѓа до токсични дејства во црниот дроб.

Парацетамол се користи за намалување на висока температура и против силни болки. Во случај да земете дози поголеми од пропишаните, анализите на британското списание BJCP (British Journal of Clinical Pharmacology) покажуваат дека може да дојде до сериозни проблеми со црниот дроб.

Научниците го откриле ова во текот на тригодишното истражување во одредени центри за трансплантација на црн дроб во европските земји.

Внимавајте, максималната доза на „парацетамол“ која дневно смее да се внесе во организмот изнесува четири грама со тоа што ќе земате по еден грам на секои четири часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *